Достапни линкови

Договор за трилатерална средба - Обама, Нетанјаху, Абас


Израелските и палестинските власти ја прифатија поканата за трилатерална средба со претседателот на САД Барак Обама, во обид да се најде решение за мир на Блискиот Исток. Обама ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и со палестинскиот претседател Махмуд Абас на 22 септември, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Заедничката средба ќе се одржи непосредно по одделните средби, што Обама ќе ги има со двајцата лидери.
Главна тема на разговорите ќе биде проширувањето на еврејските доселенички населби на Западниот Брег.
XS
SM
MD
LG