Достапни линкови

Филм за ујгурскиот лидер ќе се прикажува во Тајван


Филм за прогонетиот ујгурски опозициски водач Ребија Кадир, неделава, ќе биде прикажан во Тајван, и покрај загриженоста дека тоа може да ја разлути Кина. Претходно, Кина неуспешно се обиде да издејствува фимот за Кадир да не се прикаже на Австралискиот филмски фестивал.
Кина смета дека Кадир, кој е претседател на Светскиот ујгурски конгрес, ги оркестрираше јулските меѓуетнички насилства во провинцијата Ксинџијанг во северозападна Кина. Провинцијата Ксинџијанг е претежно населена со Ујгури.
XS
SM
MD
LG