Достапни линкови

Талибански командант умре во пакистански затвор


Талибанскиот командант Шер Мухамад Касаб денеска почина во притвор од повредите здобиени за време на неговото апсење, минатата недела, соопштува пакистанската армија.
На јазикот Урду, Касаб значи Касап. Го добил прекарот поради суровоста кон непријателите.
Тој беше на листата на десетте најбарани милитанти во долината Сват. Владата имаше распишано награда од 121 илјада долари за негово апсење или убиство.
XS
SM
MD
LG