Достапни линкови

logo-print

ДПА: Не си играјте со оган, ќе се изгорите


Реакциите по повод Енциклопедијата што завчера беше промовирана во МАНУ не стивнуваат. Политчките партии и здруженијата на Албанците во Македонија оценуваат дека енциклопедијата е антиалбанска.
Потпретседателот на опозициската ДПА Имер Алиу вели, „не си играјте со оган, ви гарантирам дека ќе изгорите“, пренесува телевизијата А1.
Лидерот на Нова демократија Имер Селмани, пак, бара јавно извинување од авторите на енциклопедијата.
На содржината на Енциклопедијата реагираат и академици и историчари од Албанија.
Претходно, ДУИ најави дека ќе бара Енциклопедијата да се повлече, а најави и судски постапки против авторите на делото.
Во енциклопедијата, меѓу другото, пишува дека Албанците се доселени во Македонија. Во неа тие се именуваат како Арбанаси, Арнаути и Шиптари, односно Планинци. Дел од македонските медиуми на албански јазик објавија дека американската и британската амбасада реагирале на делот од енциклопедијата во кој се вели дека ОНА била обучувана од американски и британски специјалци.
XS
SM
MD
LG