Достапни линкови

Насилниците, сепак, не дозволија геј-парада во Белград


Се одложи геј-парадата која требаше да се одржи утре во Белград, соопштија организаторите.
Тие велат дека добиле решение од Министерството за внатрешни работи на Србија во кое се наведува дека не постојат услови парадата да се одржи без инциденти на платото пред Филозофскиот факултет, за каде што беше закажана.
Министерството вели дека не ја забранило парадата, туку дека предложило алтернативна локација на која може да ја гарантираат безбедноста на луѓето што ќе учествуваат на парадата.
Неколку десничарски организации се заканија дека по никоја цена нема да дозволат да се одржи, како што велат, парада на срамот.
XS
SM
MD
LG