Достапни линкови

logo-print

Реакции на Енциклопедијата на МАНУ


Денеска продолжуваат реакциите на незадоволство на политичките партии и здруженија на албанците во Република Македонија по повод Енциклопедија која беше промовирана во четвртокот во просториите на МАНУ. Во реакциите се наведува дека во енциклопедија има тенденциозни содржини кои и не ја отсликуваат реалноста на сите народи кои живеат во земјава, особено не на Албанците. Пратеникот од ДУИ Џевад Адеми за Радио Слободна Европа изјави дека оваа публикација е неприфатлива, неточна, тенденциозна и шовинистичка во однос на албанците во Македонија. ДУИ ке бара Енциклопедијата да се повлече, а судски постапки против авторите и МАНУ пред домашните и меѓународните судови се најавуваат по рамазанскиот празник во понеделник, ни изјави Џевад Адеми.
XS
SM
MD
LG