Достапни линкови

Туркменистан со два нови гасоводи кон Кина и Иран


Туркменистан ќе почне да ги снабдува Кина и Иран со природен гас преку два нови гасоводи, во декември, објавуват туркменистанските државни медиуми. Претседателот Гурбангули Бердимухамедов вели дека пуштањето во употреба на гасоводите ќе биде важен чекор во новата енергетска стратегија на Туркменистан.
До неодамна, најголем дел од туркменистанскиот гас се извезуваше во Русија. По експлозијата на гасоводот во април извозот во Русија запре. Иако, гасоводот е поправен, Русија не продолжи да купува туркменистански гас. Со тоа Туркменистан губи по околу 1 милијарда долари месечно. Туркменистан обвинува дека руски Газпром така го штити својот монопол.


XS
SM
MD
LG