Достапни линкови

Низ Еуфрат ќе потече повеке вода за Ирак.


Ирачката влада соопшти дека Турција се согласила да го зголеми протокот на вода во реката Еуфрат која влегува во Ирак до 20 Октомври. Портпаролот Али ал Дабах, по разговорите меѓу преставници на двете земји, изјави дека Турција ке му дава на Ирак 450 до 500 кубни метри вода во секунда. Ирак и Сирија често се жалат дека Турција ги монополизира водите на Тигар и Еуфрат со серијата брани на двете реки кои се дел од проектот за наводнување на турскиот југо-исток.
XS
SM
MD
LG