Достапни линкови

Купувањето на Опел е увоз на технологија


Еден од клучните играчи во руската инвестиција во Генерал Мотрос односно купувањето на мнозинскиот пакет на Опел изјави дека се ке биде губење на време доколку не стане збор за руска придобивка од Западна технологија. Шефот на Сбербанк Герман Греф на економскиот форум во Сочи денеска изјави дека целта на руското учество во зделката е увоз на технологија. Тоа истото го кажа претходно и рускиот премиер Владимир Путин, кој порача дека Русија нема потреба само од пари туку и од знаење и искуство на Најголемите светски играчи. Според договорот, Сбербанк здружен со канадскиот производител Магна купи 55 проценти од акциите на Опел, додека "Џенерал моторс ќе задржи 35 проценти.
XS
SM
MD
LG