Достапни линкови

Јапонија со нова улога во Авганистан


Јапонската влада размислува за нова улога во Авганистан, по намалувањето на поморската мисија во Индискиот Океан. Весникот Јочимири Шимбун објави дека премиерот Јукио Хатојама е подготвен да понуди земјоделска и друга помош помош за стабилизација на економската и социјалната состојба во Авганистан. Хатојама ја презеде функцијата во средата, откако неговата лево-центристичката Демократска партија на Јапонија убедливо победи на изборите. Хатојама за време на кампања вети запирање на јапонската мисија во Индискиот Океан која имаше за цел обезбедување гориво за американските сили кои оперираат во Авганистан. Јапонските пацифисти кпредупредуваа дека Уставот ја ограничува употребата на воената сила само во одбранбени цели.
XS
SM
MD
LG