Достапни линкови

ММФ ке продава злато


Меѓународниот монетарен фонд одобри продажба на ограничен износ на злато за да помогне да се обезбедат кредити на сиромашните земји и за да ги зајакне своите финансии. Извршниот одбор на фондот влера реши да продаде 403,3 метрички тони злато на начин кој нема да ја наруши продажбата на злато на стоковите пазари. Шефот на ММФ, Доминик Штраус-Кан, изјави дека тоа ќе му овозможи на фондот да го засили кредитирањето на сиромашните земји.
XS
SM
MD
LG