Достапни линкови

Израел да дозволи нуклеарна инспекција


Меѓународната агенција за атомска енергија усвои резолуција со која се бара од Изарел да ги отвори своите нуклеарни постројки за меѓународна контрола. Тоа е прво одобрување на резолуција за инспекција на израелските нуклеарни способности во изминативе дваесет години. Израел, заедно со Индија и Пакистан се единствените земји во светот, надвор од Договорот за неширење на нуклеарното оружје. Тел Авив постојано демантира дека поседува такво оружје.
XS
SM
MD
LG