Достапни линкови

logo-print

Ахмадинеџат повторно го негираше Холокаустот


Иранскиот претседател Махмуд Ахамдинеџат денеска во Техеран изјави дека Холокаустот на европските евреи бил мит и фалсификуван предтекст заради формирање на Израел. Окупирањето на палестинските територии нема врска со прашањето на Холокаустот, изјави Ахмадинеџат во обраќањето на собирот во знак на подршка на палестинците, што го организираа властите. Тој ги осуди и, како што оцени, двојните стандарди на Западот, изјавувајки дека Ционисточкиот режим може да прави каков сака криминал, додека Иран е постојано изложен на критики.
XS
SM
MD
LG