Достапни линкови

logo-print

Во Владата не потврдуваат дали е во прашање предлог кој е прифатен или се работи за нацрт решение за менување на грбот на Македонија. Според првичните реакции на дел од експертите таквото решение е получекор кој нема суштина, додека други сметаат дека тоа требало да се направи многу порано.

Грбот на Македонија кој во себе го содржи симболот на петокраката и неговото преобликување се наметна како тема по информаците во медиумите дека владата на седница разговарала за отстранување на знакот кој како симбол се поврзува со порнешниот социјалситички систем на уредување. Според првичните реакции на дел од експертите таквото решение е получекор кој нема суштина, додека други сметаат дека тоа требало да се направи многу порано. Засега во владата не потврдуваат дали е во прашање предлог кој е прифатен или се работи за нацрт решение. Во случај овој предлог да поминал на владината седница за негово усвојување во Собранието ќе биде потребно дво третинско мнозинство. Политикологот Никола Сталевски вели дека отстранувањето на петокраката не е поврзано со внатрешен дијлог за историјата или хералдиката на националниот државен грб туку е формален чин на менување на системот на управување од социјалистички:

„Тоа требаше да биде завршено пред 15 години.“

Петокраката не е иделошки симбол како што го третира владата и тој стои на грбот и на Република Италија, вели Профсорот Љубомир
Тоа требаше да биде завршено пред 15 години.
Фрчковски. За него таквиот предлог доколку идејата е промена на грбот е само получекор кој не е домислен, а иделошки е погрешен:

„Петокраката всушност е добар знак и е израз на нововековниот хуманизам од Леонардо на вака. Не е само израз на комунистичката идеологија.“

Опозицијата коментира дека е затекната од идејата на владата за отстранување на грбот Зоран Заев од СДСМ не го коментира предлогот но смета дека со ова владата го одвлекува вниманието од суштиснките теми со оглед дека ни претстои извештајот на ЕК за напредокот на Македонија:
Петокраката всушност е добар знак и е израз на нововековниот хуманизам од Леонардо на вака. Не е само израз на комунистичката идеологија


„Не знаеме дали само петокраката ќе се тргне, дали ќе има целосна промена на грбот, и можам слободно да кажам дека ниту е место, ниту е време оваа работа да се отвара. Сите важни работи ни се дефинирани во оваа есен, до крајот на годината и сега да го отварате вака прашањето, мислам дека може да предзвика само политички штети.“

Од практична гледна точка секое менување на грбот ке отвори менување на законот, каде што е назначено кои знаци ги содржат државните симболи како и промени во личните документи вели Иван Бимбиловски, експерт по Уставно право.

„Со самото тргање на ѕвездата не се менува симболиката на грбот, кој е произведен врз основа на советските грбови. Така што со петокрака или без петокрака, не е некое трајно решение, можеби само привремено решение.“
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG