Достапни линкови

Путин ја поздрави одлуката за ракетниот штит, но...


Рускиот премиер Владимир Путин денеска ја поздрави одлуката на Соединетите Држави за откажување од анти-ракетниот штит во Европа, но го повика Вашингтон и на натамошни чекори за подобрување на меѓусебните односи. Зборувајки на форум на инвеститори во Сочи, Путин оцени дека одлуката на Барак Обама била коректна и храбра, прецизирајки дека сега очекува од Соединетите Држави да ги укинат и рестрикциите за билтаралната трговија, како и да ги подржат настојувањата на Русија, Белорусија и Казахстан да и се приклучат на Светската Трговска Организација.
XS
SM
MD
LG