Достапни линкови

Процесот на сукцесија сеуште не завршен


Скопје
Скопје

По осумнаесет години независност, Македонија се уште нема расчистено со поранешна Југославија. Експертите сметаат дека процесот на сукцесија е далеку од завршен и ќе трае. Во Белград се оддржува состанок за договорот за сукцесија.

По осумнаесет години независност, Македонија се уште нема расчистено со поранешна Југославија. Експертите сметаат дека процесот на сукцесија е далеку од завршен и ќе трае. Во меѓувреме, денеска во Белград се одржува состанок на кој се разгледува договорот за сукцесија. Од Министерството за надворешни работи за сега нема информации за процесот бидејки се уште траат состаноците. Експертите, пак, очекуваат дека нема да има брзи решенија. Професорот Осман Кадриу вели дека може и понатаму да се очекуваат проблеми околу процесот:

„Долго време имаше оспорување, дали имаме или немаме сукцесија, дали има континуитет итн. Така што според моето мислење сеуште ќе има проблеми околу спроведувањето на таа официјална политичка и уствно правна определба.“
Долго време имаше оспорување, дали имаме или немаме сукцесија, дали има континуитет итн. Така што според моето мислење сеуште ќе има проблеми околу спроведувањето на таа официјална политичка и уствно правна определба


Кадриу не ја исклучува можноста земјава да наследи и долгови.

„Сега одговарам правнички. Прашањето на сукцесија, значи наследство. Кога станува збор за сукцесија се наследуваат и правата, но се наследуваат и обврските. Така да мораме да сметаме дека во таа сукцесија може да имаме и одредени обврски како самостојна држава.“

Ексминистерот за надворешни работи Слободан Чашуле вели дека прашањето за имотите брзо зе разрешува. Проблем според него, не се само долговите на Југославија, но и долговите на светот кон федерацијата.

„Долговите на светот кој Југославија, особено на клириншката страна, тоа е Варшавскиот договор, од Советскиот сојуз и Албанија.“

Чашуле напоменува дека долго време процесот го кочела Сојузната Република Југославија:

„Во ерата на Милошевиќ, преговорите заради рамноправноста стануваа невозможни. Долго време т.н. Сојузна Република Југославија претендираше да биде единствениот наследник на се што беше југословенско во светот. Почнувајќи од недвижнини, мешовити банки, пари, државни резерви итн. Како крунски аргумент се употребуваше фактот што пред распаѓањето на заедницата, Словенија и Хрватска упаднаа во платниот промет ги изпразнија банките, го обезвреднија динарот итн.“
XS
SM
MD
LG