Достапни линкови

Ахмадинеџад: на Иран не му треба нуклеарно оружје


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинџад изјави дека неговата земја нема потреба од нуклеарно оружје. Во интервју за американската телевизија, тој сепак јасно не ја отфрли можноста во иднина Иран да дојде до таков вид оружје. Ахмадинеџад уште еднаш повтори дека Иран нема да се откаже од својата нуклеарна програма. Претходно, американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека Техеран мора да даде јасен одговор за оваа програма на состанокот со шестте големи сили што е закажан за први идниот месец. Во интервјуто Ахмадинеџад изрази жалење за жртвите во демонстрациите по неговиот реизбор на функцијата.
XS
SM
MD
LG