Достапни линкови

Најавено извлекување на бродот „Илинден“


Доколку бидат поволни временските услови, предвидено е во текот на денешниот ден да започне извлекувањето на потонатиот брод „Илинден“ од водите на Охридското Езеро. За денеска е предвидено само извлекување на бродот на површината на езерото, додека одвлекувањето на „Илинден“ до каналот Студенчишта најверојатно ќе се врши друг ден, за што ќе биде ангажиран брод на Министерството за внатрешни работи.
XS
SM
MD
LG