Достапни линкови

Русија ја поздравува одлуката на САД


Рускиот претседател Дмитри Медведев го поздрави менувањето на американските планови за ракетните штитови во Централна и Источна Европа. Медведев во телевизиското обраќање рече дека одлуката која ја објавија претседателот Барак Обама и Секретарот за одбрана Роберт Гејтс е „одговорен потег“ и ја потврдува подготвеноста за продолжување на дијалогот меѓу двете земји. Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави дека одлуката е позитивен чекор што ќе ја унапреди европската стабилност.
XS
SM
MD
LG