Достапни линкови

Неделен печат – Ребалансот на буџетот алиби за кризата?


Скопје
Скопје

Со ваков наслов ,,Утрински весник“ пренесува анализа за ребалансот на буџетот, односно дали тој реално ќе помогне во услови на економска криза или не. Конгресот на СДСМ, извештајот на Светската Банка за подобрувањето на бизнис климата во Македонија, се дел од темите со кои се занимаваат медиумите.

,,Ребалансот-алиби на власта дека се бори со кризата,, е насловот на подолгата информација во ,,Утрински весник,, од комисиската расправа за ребалансот на буџетот на која опозицијата обвини дека тој е само козметика.Со ребалансот зафаќањата од стопанството и од граѓаните се поголеми за 35 милиони евра, иако годинава се очекува пад на БДП, се планира зголемување на непродуктивните трошења за 155 мил.евра во однос на минатата година, кога БДП порасна за 5 отсто, не се реализираат развојните проекти, се крати од градежниот сектор, кој е двигател на развојот, се зголемува фондот за плати на нововработените, се зголемуваат парите за Владата за набавки на мебел и автомобили, и парите за договорни услуги, поточно, за вработувањата со договор на дело, а на јавоста и се дава лижавче дека така се води борбата со кризата, го цитира ,,Утрински,, лидерот на ЛДП, Манасиевски. Весникот ги пренесува и зборовите на министерот Ставревски кој како оправдување наведува дека поради добрите услови за работење повеќе деловни субјекти и ги плаќаат давачките на државата, а со реформите има и зафаќања во делот на сивата економија, па така, буџетот ќе се полни. ,,Владата во наредните 12 месеци продолжува со одговорна макроекономска политика и уште по интензивни реформи за подобрување на условите за бизнис во земјава, особено во областите каде што од извештајот на Светската банка ,,Дуинг бизнис 2010,, ни беше посочено дека сме постигнале послаби резултати,, ги цитира ,,Вечер,, зборовите на премиерот Груевски на презентацијата на Извештајот на Светска банка според кој земјава е лидер во регионов и на трето место по спроведените реформи за подобрување на бизнис климата. Насловот на информацијата на ,,Нова Македонија,, за Конгресот на СДСМ и за објавената Програма ,,Решенија за Македонија,, е ,,Другарите и другарките ќе ја ораат Македонија,, а во поднасловот весникот го цитира лидерот Црвенковки дека оваа програма повторно ги отвора евроатлантските перспективи и и го враќа меѓународниот углед на земјата. ,,Со неа Македонија повторно ќе биде свртена кон Брисел и Европа, а не кон Паљурци и Пела,, го цитира весникот,,Нова Македонија,, Црвенковски. ,,Утрински весник,, пак, објавува дека некое здружение на граѓани од Паљурци бара извинување од Црвенковски затоа што, според нив,го споменал нивното село со навредлива конотација. ,,Дневник,, објавува итервју со Црвенковски во кое, покрај другото, тој вели дека Програмата на Партијата доживеала критики од власта, иако се уште непрочитана. ,,Време,, ,,Дневник,, и ,,Нова Mакедонија,, ги објавуваат ревизорските извештаи за финансиското работење на МНР и на Упрвата за државна безбедност каде што се потрошени милионски суми евра без покритие со соодветни документи. Медиумите коментираат дека Државниот обвинител се уште се нема произнесено за овие извештаи.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG