Достапни линкови

САД - Попаметна, посилна и побрза одбрана


Обама и Гејтс
Обама и Гејтс
Претседателот на САД Барак Обама изјави дека Соединетите Американски Држави ќе ги променат и подобрат плановите за развој на системот за против-ракетна одбрана. Промените имаат за цел подобра заштита на Соединетите Американски Држави и на нивните сојузници, од евентуални ирански ракетни напади.

Зборувајќи на прес-конференција во Вашингтон, Обама порача дека новата политика е насочена кон „попаметна, посилна и побрза“ одбрана на Соединетите Држави и европските сојузници. Тој нагласи дека Иран, а не Русија, останува во фокусот на ракетниот штит.
Обама ги уверува американските НАТО-сојузници дека прилагодениот систем во Европа ќе ја зголеми нивната безбедност.

„Ние ќе продолжиме да работиме заедно со нашите блиски пријатели и сојузници, Чешка и Полска, кои се согласија да бидат носители на претходната програма. Зборував со премиерите и на Чешка и на Полска за оваа одлука и ги нагласив нашите длабоки и блиски врски„.
Ке работиме заедно со нашите пријатели и сојузници Чешка и Полска. Зборував со премиерите и ги нагласив нашите длабоки врски

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс посочува дека првата фаза од планот вклучува распоредување бродови вооружени со пресретнувачки ракети во северна и во јужна Европа. Во втората фаза, околу 2015 година планот вклучува евентуално поставување на ракети СМ-3 во Европа. Гејтс вели дека веќе ги почнале консултациите со Чешка и со Полска за такво нешто.

„Ќе продолжиме да се потпираме на нашите сојузници и ќе работиме со нив за развој на систем кој поефективно ќе не штити од многу реалната и растечка закана. Тие кои велат дека се откажуваме од ракетната одбрана во Европа или се погрешно информирани или погрешно го претставуваат тоа што го правиме“.

Чешкиот премиер Јан Фишер пак претходно на вонредна конференција во Прага изјави дека телефонски бил известен од американскиот Претседател Барак Обама дека предвидениот штит нема да биде граден во Чешка.

Одбранбениот против-ракетен штит го започна претходната администрација на претседателот Џорџ Буш како одбрана од можните ирански закани. Москва жестоко се спротивстави на проектот, сметајќи дека тој е против Русија, а не против Иран и Северна Кореа.
Овој потег доаѓа и покрај загриженоста во Источна Европа дека американските напори за подобрување на односите со Русија би можеле да одат на сметка на американските сојузници во регионот.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG