Достапни линкови

Расмусен со говор за односите на НАТО со Русија


Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен во петок ќе одржи говор за односите на Алијансата со Русија. Се проценува дека говорот со наслов „НАТО и Русија: Нов почеток“, е прв голем политички говор на Расмусен од преземањето на челната функција на НАТО пред еден месец. Неколку пати во изминативе недели, тој повика на поблиско стратешко партнерство со Русија.
Нивните меѓусебни односи се заладија, по ланската краткотрајна војна на Русија со Грузија.

XS
SM
MD
LG