Достапни линкови

Реизборот на Баросо позитивен за Македонија


Жозе Мануел Баросо

Жозе Мануел Баросо

Македонската влада позитивно гледа на реизборот на Жозе Мануел Баросо за претседател на ЕК. Според експертите, важно е да се продолжи со реформите, а за ЕУ интеграција е потребно и затворање на спорот со Грција.

Македонската влада гледа позитивно на реизборот на Жозе Мануел Баросо за претседател на Европската комисија од аспект на прашањата околу кои очекуваме напредок.

„Токму неговиот придонес во оваа насока и неговите заложби за интегрирана Европа во целина ги истакнува како приоритет во неговиот мандат, даваат дополнителен импулс за Република Македонија да продолжи со реформите и исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ,“

Изјави портпаролот на МНР Петар Чулев.
Токму неговиот придонес во оваа насока и неговите заложби за интегрирана Европа во целина ги истакнува како приоритет во неговиот мандат, даваат дополнителен импулс за Република Македонија да продолжи со реформите и исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ


Претседателот на ЕК Жозе Мануел Баросо и италјанскиот премиер Силвио Берлускони
Професорот Назми Малиќи вели дека доколку Македонија успее да го следи тој континуитет преку своите заложби, новиот мандат на Баросо може да се гледа како продолжување на позитивната политика кон земјите од Западен Балкан.

„Ги заслужува сите тие позитивни епитети, секако за Западен Балкан кој тој секогаш го нагласуваше во својот мандат.“

Сања Костовска од Центарот за истражување и креирање политики во изборот на Баросо не гледа можност за драстични промени на досегашната динамика што се донесува на земјите од Западен Балкан.

„Со оглед на тоа дека како и до сега клучно ќе биде напредокот кој ќе го покаже Македонија. Од Европската Комисија Македонија нема бланко поддршка и безусловна симпатија во смисла доколку не се одработат тие реформи да наиде на позитивна оценка.“

Честопати Баросо се доживува и како некој кој не е толку подготвен да оди подлабоко во однос на интегрирањето во Унијата и е многу претпазлив во однос на евентуалното предизвикување на националните чувства на земјите членки на Унијата особено кога станува збор за сензитивни прашања, додава Костовска. Во нашиот случај тоа би значело можност да добиеме препорака но не и конктретен датум за отпочнување на преговорите.

„Советот на ЕУ ќе биде тој што ќе одлучи кога би се започнало. Тука веќе настапува на сцена друго прашање, колку е возможно таа одлука да биде донесена во полза на Македонија, имајќи предвид дека Грција ќе може и натаму да го блокира ова прашање.“

Костовска посочува и дека Баросо ниту до сега не излегувал со прогресивни решенија во смисла на подлабока интеграција во ЕУ токму за да не ги предизвика националните чувства на земјите членки. Но охрабрување за нас секако би требало да биде тоа што во неговиот мандат македобнија доби визна либерализација. Ова прашање, вели Костовска не треба да се гледа како на компензација за сите други чекори коишто треба да ги постигне Македонија и во тој контекст Европската Унија и се обидува да го постави зошто во спротивно тоа би било голем удар за реформскиот капацитет на земјава.
XS
SM
MD
LG