Достапни линкови

Цените на металите растат


Фабриката „Макстил“ во Скопје

Фабриката „Макстил“ во Скопје

Цените на металите на светските пазари растат. Македонската металургија беше прва на удар на светската економска криза. Според познавачите, позитивните ефекти од порастот на цените во Македонија ќе дојдат со задоцнување.

Цените на металите на светските пазари растат. Имајки предвид дека металургијата во Македонија прва настрада од ефектите на светската економска криза, се поставува прашањето дали растот на цените на речиси сите суровини во светот ќе придонесе кон пнапредок на металопроизводителите во земјава. Економските аналитичари и стопанствениците се согласни дека ефектите ќе се
Но, за жал, нашиот производ, сеуште нема позитивна промена со цените. Има зголемување на другите производи во металургијата, но нашиот производ сеуште ги држи старите цени. Тоа претставува проблем, затоа што на влез имаме раст на цените на суровините
почуствуваат со задоцнување, бидејки пазарот се уште не е стабилизиран. Директорот на „Макстил“ Александар Панов вели дека на позитивната страна, се зголемува побарувачката за металите.

„Но, за жал, нашиот производ, сеуште нема позитивна промена со цените. Има зголемување на другите производи во металургијата, но нашиот производ сеуште ги држи старите цени. Тоа претставува проблем, затоа што на влез имаме раст на цените на суровините.“

Панов очекува да се задржат позитивните трендови на светските пазари:

„Се јавува зголемена побарувачка и очекуваме тоа да продолжи во благ раст до крајот на годината.“

Економскиот аналитичар Ден Дончев вели дека светската економија е се уште во тешка состојба

„Значи, зголемувањето на цените дефинитивно ќе има позитивен ефект врз извозот во Република Македонија, но прашањето е дали и со кое темпо тоа ќе се случува, затоа што не може да заборавиме дека глобалната економија сеуште е во тешка ситуација.“

Дончев додава дека за позитивни ефекти во Македонија од поволните трендови во светот ќе мора да се почека

„Ефектот на зголемување на побарувачката за овие производи ќе биде одложен и не очекувам позитивно одразување на ефектот на овие цени до првата половина на 2010 година.“

На светските берзи неделава се бележи раст на речиси сите суровини. Цената на бакарот на американските пазари веќе извесно време расте и вчера го дистигна максимумот во изминативе седум дена. Цената на никелот на јапонските пазари исто така расте.
XS
SM
MD
LG