Достапни линкови

logo-print

Има ли политички дијалог?


Лидерска средба, одржана во јули

Лидерска средба, одржана во јули

Медиумските меѓупартиски препукувања станаа секојдневие на македонската политичка сцена. Според политичарите, политичката култура и политичкиот дијалог се на најниско ниво, но одат по нагорна линија.

Политичката култура и политичкиот дијалог се на на најниско ниво, но одат во нагорна линија оценуваат политичарите. Во минатиот извештај на Европската комисија беше посочено дека на политичката сцена во Македонија недостасува конструктивен политички
При обраќањето на Обама во американскиот Конгрес, имаше упатено една навреда, каде што тој беше наречен лажго. За жал ние од опозицијата во изминатите три години чувме многу полоши коментари, додавки и слично, а тоа на некој начин стана и начин на однесување
дијалог. Во пресрет на новиот извештај препуувањата не престануваат, Опседнатосна на партиите една со друга е изразена особено во последно време. Прво по пишаните медиуми излегоа „неуспесите на ВМРО-ДПМНЕ“, а потоа на телевизиите одат повеќеминутни спотови со кои нароот се потсетува на ветувањата кои не ги исполнил Бранко Црвенковски.

Влатко Ѓорчев од владеачката ВМРО-ДПМНЕ вели дека во Македонија функционира политичкиот дијалог, понекогаш со проблеми понекогаш со предизвици. Тој прави паралела на македонската политичка сцена со американската.

Лидерската средба одржана на почетокот на март во Скопје
„При обраќањето на Обама во американскиот Конгрес, имаше упатено една навреда, каде што тој беше наречен лажго. За жал ние од опозицијата во изминатите три години чувме многу полоши коментари, додавки и слично, а тоа на некој начин стана и начин на однесување.“

Ѓорчев додава дека партиите треба да си останат доследни на доброто однесување со што би имало пријатна атмосфера на политичкта сцена.
Од СДСМ пак велат дека на политичкиот терен нема борба на мислења, туку има само лична дискфалификација.

„Мислам дека не треба толку да ги потценува граѓаните, тие знаат што се случувачо, а уште повеќе знаат што денеска се случува,“

вели Цветанка Иванова од СДСМ. За полтичкиот дијалог вели дека тој во Македонија е фингиран. Власта претендира политички дијалог само тогаш кога и треба, додава Иванова.
Мислам дека не треба толку да ги потценува граѓаните, тие знаат што се случувачо, а уште повеќе знаат што денеска се случува


Во Македонија владее политичка култура својствена за Балканот. И тогаш кога има комуникација тоа повеќе личи на импровизација, отколку на барање на вистински решенија објаснува Џеват Адеми од ДУИ. Но, работите можат да се променат вели Адеми. За политичките препукувања вели дека се добри за развој на демократијата

„Сепак, опозицијата и нема некој друг начин како да ги артикулира своите ставови и позиции, односно како да и каже на власта дека освен нив има и други политички фактори.“

Сулејман Рушити од Нова демократија , вели дека треба да се осврнема кон суштината на политичкиот дијалог

„Генерално сметам дека на партиите на власт не им доликува да го потсетуваат цел мандат партиите во опозиција,“

вели Рушити.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG