Достапни линкови

Вашингтон се откажува од Штитот во Средна Европа


Американскиот Претседател Барак Обама ноќеска го повикал чешкиот премиер Јан Фишер да разговараат на темата распоредување американски анти ракетен штит во Чешка и Полска, соопшти чешката влада. Претходно Вол Стрит Журнал повикувајки се на неименувани извори од бившата и сегашната американска администрација објави дека Вашингтон се откажува од плановите за поставување ракетен штит во Средна Европа. Вашингтон, наводно, својата одлука ќе ја базирал врз пресметките дека иранскиот долгометен ракетен програм не се развива така брзо како што се мислело, со што е намалена опасноста за американските цели и главните европски градови. Русија силно се противеше на планот на Џорџ Буш, сметајки дека штитот е закана за нејзините интерконтинентални балистички ракети.
XS
SM
MD
LG