Достапни линкови

Карзаи негира ,,Големи“ изборни злоупотреби


Авганистанскиот Претседател Хамид Карзаи ги отфрли обвинувањата на Европската Унија за големи злоупотреби на минато месечните претседателски избори. Карзаи изјави дека и доколку имало тоа било малку како што се случувало насекаде во светот. ЕУ претходно соопшти дека верува оти околу 1,5 милиони гласови на авганистанските претседателски избори се злоупотребени. Според прелиминарните резулати, актуелниот Претседател Хамид Карзаи е победник уште во правата рунда со освоени 54,6 насто. Неговиот главен противник бившиот министер за надворешни работи Абдула Абдула доби околу 28 проценти.
XS
SM
MD
LG