Достапни линкови

Ништо од Штитот во Полска и Чешка?


Вол Стрит Журнал повикувајки се на неименувани извори од бившата и сегашната американска администрација објави дека Вашингтон се откажува од мплановите за поставување ракетен штит во Полска и Чешка.Чешката новинска агенција ЧТК пак ја пренесе изјавата на портпаролот на владата во Прага дека ноќеска американскиот Претседател Барак Обама и чешкиот премиер Јан Фишер имале телефонски разговор на оваа тема. Вашингтон, наводно, својата одлука ќе ја базирал врз пресметките дека иранскиот долгометен ракетен програм не се развива така брзо како што се мислело, со што е намалена опасноста за американските цели и главните европски градови. Се очекувало новите пресметки да бидат објавени најрано идната недела согласно прегледот нареден од Претседателот Барак Обама. Русија силно се противеше на планот на Џорџ Буш, сметајки дека штитот е закана за нејзините интерконтинентални балистички ракети.
XS
SM
MD
LG