Достапни линкови

Нема брза одлука за нови војници во Авганистан


Американскиот претседател Барак Обама изјавил дека нема да донесе брза одлука дали да испрати уште американски трупи во Авганистан. Тој објаснил дека не може само туку така да се испраќаат луѓе во војна. Пред да се случи тоа мора да се има добра стратегија. Американскиот и НАТО командант во Авганистан, генералот Стенли Мек Кристал изјавил дека до крајот на неделава очекува барање за повеќе трупи. И претседателот на здружените сили адмирал Мајк Мулен исто така рекол дека ќе бидат потребни повеќе сили за справување со Талибанците.
XS
SM
MD
LG