Достапни линкови

Мал интерес за средства од европските фондови


Фабрика

Фабрика

Минимален е интересот на битолските мали и средни претпријатија за искористување на парите од Седмата рамковна програма, предпристапен фонд на ЕУ кој подржува реализација на економски проекти.

Минимален е интересот на битолските мали и средни претпријатија за искористување на парите од Седмата рамковна програма, предпристапен фонд на Европската унија кој подржува реализација на економски проекти. Според националното контакт лице задолжено за оваа програма во Македонија, професор д-р Божин Доневски, се работи за огромна сума средства кои можат да бидат искористени.

„Тука се работи за сума на поединечни прокети од неколку стотини илјади евра до неколку милиони евра. Македонија има пристап до овие фондови не само како партнер, туку може да биде и координатор на некои од овие прокети.“
Кога ги прашавме присутните колку не слушнале за некои од овие програми, скоро 90 проценти од нив првпат слушнале. Тоа значи дека се уште информациите за користење на овие европски фондови кои и се на располагање на Македонија, малите и средните претпријатија немаат информации


Главната причина за неискористеноста лежи во неинформираноста на фирмите за оваа погодност и во слабата едукација за подготовка на посериозни прокети.

„Кога ги прашавме присутните колку не слушнале за некои од овие програми, скоро 90 проценти од нив првпат слушнале. Тоа значи дека се уште информациите за користење на овие европски фондови кои и се на располагање на Македонија, малите и средните претпријатија немаат информации. Недостатпк на знаење, недостаток на обука, недостаток на комуникациски вештини, недостаток на меѓународни контакти.“

вели Донесвки. Често се случува, вели професорот стопанствениците да имаат идеја за прокети, но да не знаат како соодветно да ја сложат на хартија за да конкурираат до предпристапните фодови.

„Подготвувањето на проектот е долготрајно зашто Седмата рамковна програма е комплексна. На пример, за тие што се обучени, подготвувањето на еден ваков проект трае од три до четири месеци, а за тие што не се обучени, како што е кај нас случајот во Македонија, трае и подолго време .“

Доневски смета дека едукацијата треда да ја помогне државата.

„За тие да подготват еден ваков прокет би требало некој да има подмогне. Владите од западната унија на малите и средни претпијатија им даваат финансиски подршка. Ориентационо една таква подршка за зајакнување на капацитетите на мелите и средни претпијатија изнесува од 10 илјади евра па нагоре.“

додава професорот. Освен оваа програма, со прокети може да се конкурира и до ИПА и други предпристапни фондови на Еропската унија.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG