Достапни линкови

logo-print

Странските инвестиции во Грузија намалени за 80%


Според податоците на грузискиот завод за статистика, директните странски инвестиции во Грузија се намалиле за цели 80 отсто, во првата половина на годинава. Во првата половина на 2008 година, Грузија имала директни странски инвестиции од 1,15 милијарди долари, а годинава има 226 милиони.
Како причини за падот се наведуваат светската економска криза, но и краткотрајната минатогодишна војна со Русија.
Најголеми странски инвеститори во Грузија, во првата половина на годинава биле Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија и Турција.
XS
SM
MD
LG