Достапни линкови

Шест месеци условно за пратеникот Таљат Џафери


Основниот суд Тетово го осуди пратеникот на ДУИ, Таљат Џафери, на условна затворска казна од шест месеци поради учество во толпа која спречила службени лица во вршење службена должност. Казната ќе се реализира ако наредните две години Џафери направи кривично дело.
Џафери смета дека е невин и вели дека пресудата била донесена под притисок на медиумите и партиски функционери од опозициски партии на Aлбанците.
Џафери е осуден за инцидент од 2008 година, кога по завршниот митинг на ДУИ во Тетово, симпатизер на ДУИ нападнал момче од македонска националност, кое играло кошарка на тетовскиот спортски центар.
Полицијата ги приведе осомничените по што ситуацијата ескалираше. Илјадници луѓе, повеќе од два часа ги блокираа улиците на излезот кон Скопје, барајќи ослободување на приведените.
XS
SM
MD
LG