Достапни линкови

logo-print

Укинување на визите меѓу Израел и Србија


Израел и Србија се согласија за укинување на туристичките визи меѓу двете земји. Новинската агенција Асошиејтед прес објави дека министрите за надворешни работи на двете земји, денеска во Белгад потпишале договор за укинување на визите, оценувајќи дека потегот ќе помогне за продлабочувањето на економските и други врски.
Денешната посета на израелскиот шеф на дипломатијата Авигдор Либерман на Белград е прва посета на израелски министер за надворешни рабори, на Србија.
Во рамки на балканската турнеја, наредната недела Либерман треба да ја посети Црна Гора.
XS
SM
MD
LG