Достапни линкови

Белорусија сака да биде мост меѓу Исток и Запад


Белорускиот претседател Александар Лукашенко предупредува дека неговата земја нема да биде принудена да избира меѓу добри односи или со Европската унија или со Русија. Зборувајќи на литванско-белорускиот бизнис форум во литванскиот главен град Вилнус, Лукашенко рече дека неговата земја сака да биде мост меѓу Истокот и Западот.
Претходно, Лукашенко се сретна со неговата литванска колешка Далиа Грибаускаите. Ова е негова втора посета на земја од Европската унија, откако Унијата, во април, ја укина забраната за влез на белоруски функционери.
XS
SM
MD
LG