Достапни линкови

Измешани категориите лева и десна партија


Класичната поделба на лево и на десно ориентирани партии, одамна е надмината, а и неможе да профункционира во Македонија, велат експертите. Политичките партии се обраќаат до сите избирачи, без разлика дали им се целна група, според нивните идеологи.

Класичната поделба на лево и на десно ориентирани партии, одамна е надмината, а и неможе да профункционира во Македонија, велат експертите. Политичките партии се обраќаат до сите избирачи, без разлика дали им се целна група, според нивните идеологи. Па затоа често десно ориентирани парти превземаат социјални мерки карактеристични за левицата и обратно. Аналитичарите велат дека колку и една партија во својата програма да е ориентирана лево или десно од центарот, сепак кога е на власт презема популистички мерки за да може да се одржи на власт. Аналитичарот ЈованДонев од истражувачкиот центар „Евро Балкан“, вели дека во Македонија таргет групата на сите парти им е иста па затоа нема левица и десница.
По економијата, односно социјалата тие се потполно исти, бидејќи немаат слоеви на кои би им се обратиле. Зошто немате Партија на Зелените во Македонија, бидејќи нема на кого да му се обратите


„Така да тие се делат условно кажано, по некои други споредни проблематики. Христијанството, црквата, маргинализираните групи и тука се пронаоѓаат по тие прашања, се гледа дали се левица или десница. По економијата, односно социјалата тие се потполно исти, бидејќи немаат слоеви на кои би им се обратиле. Зошто немате Партија на Зелените во Македонија, бидејќи нема на кого да му се обратите.„

Експертите коментираат дека единствена идеологија на политичките партии е желба да се биде во власта, бидејќи власта пружа се. Затоа и без оглед што нудат како партиска програма и на која идеологија се приврзаници, кога се на власт можат да ги променат своите политички ставови. Политичкиот аналитичар Хисен Рамадани, кој е и поранешен пратеник вели дека на партиите освен борбата за власт, малку им останува простор идеолошки да се профилираат.

„Сега се поставува прашањето, на што се потпре барањето за реновирање на СДСМ кога едноставно нема интересна група која би била врзана за неа, бидејќи во нивната програма нема таква група. Тие сега се залагаат дека ќе бараат некој среден слој, а во Македонија среден слој и нема. Во државата има една мала, тесна група на богаташи и сиромашен народ. Ова важи исто и за ВМРО ДПМНЕ, таа почесто личи со својот популизам на лева партија, отколку на десна.“

Експертите се согласни дека во последно време сите партии во Македонија личат една на друга, и секоја од нив во себе содржи национален контекст, односно се потпира на популистички и националистички мерки.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG