Достапни линкови

Јапонскиот премиер сака „односи на доверба“ со САД


Новиот јапонски премиер Јукио Хатојама денска изјави дека сака да гради „односи на доверба“ и искреност, на средбата со американскиот претседател Барак Обама, што треба да се одржи наредната недела во САД.
Јапонскиот парламент денеска го потврди изборот на Хатојама за нов премиер. Неговата Демократската партија победи на минатомесечните парламентарни избори, со што во Јапонија заврши речиси 55-годишното владеење на десницата.


XS
SM
MD
LG