Достапни линкови

Преговорите за името во мирување


Последната посета на медијаторот Нимиц на Македонија
Последната посета на медијаторот Нимиц на Македонија

Поради изборниот период во Грција преговорите околу името полека влегуваат во фаза на мирување. Експертите советуваат дека по изборниот процес во Грција, Македонија е таа која мора да покаже поголема иницијативност за решавање на проблемот.

Македонската делегација сеуште не ја најавува својата агенда на средбите коишто ќе ги одржи во текот на престојот на 64-тата сесија на Генералното собрание на ООН. Делегацијата ќе ја предводи шефот на државата Ѓорѓе Иванов во чиј кабинет сеуште се одговара на барањата и се упатуваат барања за одржување билатерални средби. Темите кои ќе ги наметнува македонската страна се се разбира врзани за клучните прашања спорот за името со Грија и евроинтеграциските процеси. Нема конкретни најави и дали македонската делегација со која ќе отпатува и шефот на дипломатијата, ќе одржи или ќе иницира средби со грчки претставници. Од кабинетот на министерот само нагласуваат дека македонската страна е секогаш расположена за вакви средби. Неофицијално, сепак се изразува сомнеж врз досегашните искуства дека грчката страна би покажала интерес вакви средби да се реализираат. Во агендата на шефот на
Владата на Караманлис сега само ги врши неопходните работи на државата, додека не се воспостави нова политичка власт. Оттаму Грците, ниту меѓународната заедница, уште помалку Нимиц, кој е многу вешт во тој поглед ќе бара сега во оваа фаза да се забрзува или избрзува со било какво решениe
државата се планирани билатерални средби на кои ќе се наметне прашањето за името, велат од неговиот кабинет, а од особено значење се сметаат средбите со генералниот секретар на Нато, Расмусен како и сеуште не потвредената средба со генералниот секретар на ООН, Бан Ки Мун. Во меѓувреме преговарачкиот процес околу името полека влегува во фаза на мирување поради изборниот период во Грција.

„Владата на Караманлис е влада, но таа сега е само влада која ги врши неопходните работи на државата, додека не се воспостави нова политичка власт. Оттаму Грците, ниту меѓународната заедница, уште помалку Нимиц, кој е многу вешт во тој поглед ќе бара сега во оваа фаза да се забрзува или избрзува со било какво решение.“

Вели аналитичарот Слободан Чашуле.
Периодот на формирањето на новата Влада, но и можноста во март во Грција да се одржат и претседатески избори за Македонија може да значи одложување на решавањето на прашањето, вели професорот Мерсел Биљали кој нагласува дека ако ништо пред тоа тогаш веднаш по иборите Македонија мора да покаже поголема иницијативност.

„И да инсистира на брзо решавање на проблемот затоа што многу лесно може да ни се случи освен економската криза, да ни се придружи политичката криза.“

Вели Биљали.
XS
SM
MD
LG