Достапни линкови

Резулататите од претседателските избори во Авганистан - денеска


Авганистанската независна изборна комисија најави дека денеска попладне ќе ги соопшти целосните резултати од претседателските избори, одржани 20-ти август. Неофицијално, актуелниот претседател Хамид Карзаи води со 54 насто од гласовите, додека неговиот против кандидат, Абдула Абдула добил нешто над 28 насто. Меѓутоа, посматрачката мисија на Европската Унија соопшти дека околу милион ипол гласови се веројатно нерегуларни, од кои над милион за Карзаи, чие поништување би довело до одржување на втор круг.
XS
SM
MD
LG