Достапни линкови

Расмусен повика на искрен дијалог со Русија


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расумсен повика на отворен дијалог со Русија за намалување на безбедносните тензии во Европа и за соочување со заедничките закани. Во Интервју за Фајненшел Тајмс, Расмусен најави дека ќе испрати тим во Москва за да ги слушне ставовите на Кремљ во врска со долгорочната стратегија на НАТО. Тој изрази и готовност за дискусија за предлогот на рускиот претседател Дмитриј Медведев во врска со безбедносната архитектура во Европа.
XS
SM
MD
LG