Достапни линкови

Израелските сили и Хамас сториле воени злосторства



Истражната мисија на Обединетите Нации утврди дека и двете страни во конфликтот во Газа сториле воени злосторства и можни злосторства против човештвото. Станува збор за акцијата на израелските сили од 27-ми декември до 18-ти јануари, годинава, како и за истреланите ракети од страна на Хамас врз израелска територија, каде што немало воени цели. Во заклучокот од извештајот на над 570 страници, се бара од двете страни да ги истражат обвинувањата или во спротивно доказите ќе му бидат предадени на Меѓународниот Кривичен Суд. И Израел и Хамас го отфрлија извештајот.
XS
SM
MD
LG