Достапни линкови

КФОР- косовските сили за безбедност оперативни


Косовските сили за безбедност го достигнале „првичниот оперативен капацитет“ седум месеци по своето формирање, а за постигнување целосен капацитет ќе бидат потребни меѓу две и пет години. За тоа косовскиот претседател Фатмир Сејдиу беше информиран од командантот на КФОР Маркус Бентлер. Инаку, формирањето на косовските сили за безбедност започна во јануари и тие треба да го заменат Косовскиот заштитен корпус. Новите сили се ставени под граѓанска контрола и имаат задачи поврзани главно со заштитата на граѓаните, но без да извршуваат полициски функции.
XS
SM
MD
LG