Достапни линкови

Исклучување на интернетот за тие што „симнуваат пиратерија“?


Долниот дом на францускиот парламент, денеска го одобри нацрт-законот со кој им се дозволува на властите да им го исклучат интернет пристапот на луѓе кои нелегално преземале музика и филмови. За да стапи во сила, нацрт-законот треба да биде одобрен од комисија од двата дома на парламентот.
Според тој предлог, на луѓето што „симнуваат“ пиратски содржини, може да им биде исклучен интернетот до една година, а може да се соочат и со парична казна или затвор. Активистите за човекови права велат дека законот ги загрозува граѓанските слободи.
XS
SM
MD
LG