Достапни линкови

Тајланд со зголемена безбедност во пресрет на протестите


Тајланските власти ја одобрија употребата на специјален закон за безбедност, во пресрет на антивладините протести по повод третата годишнина од државниот удар, што резултираше со соборување на поранешниот претседател Таксин Шинаватра.
Законот за внатрешна безбедност им овозможува на службите за безбедност да воведат полициски час и да ја ограничат слободата на движење.
Законот ќе важи пет дена, почнувајќи од петок.
Се очекува антивладините протести што треба да се одржат во сабота во Бангкок да бидат едни од најголемите до сега.

XS
SM
MD
LG