Достапни линкови

Нема договор за доселеничките населби во Израел


Американскиот пратеник за Блискиот Исток Џорџ Мичел се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим, но нема знаци дека постигнале договор за запирање на проширувањето на израелските доселенички населби на Западниот Брег и во Источен Ерусалим. Соединетите Американски Држави вршат притисок, Израел да го сопре проширувањето за да овозможи продолжување на мировните договори со Палестинците.
Нетанјаху вели дека Израел нема да гради нови населби, но оти ќе ги доврши веќе започнатите проекти.
Палестинците одбиваат преговори, до целосно стопирање на проширувањата.
Мичел, денеска на Западниот Брег, треба да се сретне и со палестинскиот лидер Махмуд Абас.
XS
SM
MD
LG