Достапни линкови

Ишингер: Прашањето за името на следната Минхенска конференција


Прашањето за името и непоканувањето на Македонија во НАТО на Самитот во Букурешт, да се разгледуваат на следната Минхенска безбедносна конференција во обид да се најде решение, понуди претседавачот на Конференцијата Волфганг Ишингер на денешната средба со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, во Берлин.
„Не можам да ветам дека Минхенската конференција ќе го реши проблемот, но сметам дека е важно да понудиме форум на кој ќе се дискутира за тоа прашање, рече Иншингер, кој важи за добар познавач на Балканот, објави државната новинска агенција МИА.
Волфганг Ишингер беше ангажиран во решавањето на проблемите на Косово и во БиХ.

XS
SM
MD
LG