Достапни линкови

Реално исполнување или програми на хартија?


Скопје

Скопје

,,Преродба во 100 чекори“ ,,Решенија за Македонија“ се програмите на политичките партии, во кои се нудат решенија за подобрување на ситуацијата во државата. Експертите велат дека партиите во своите програми се држат до својата идеологија, но друго е кога ќе дојдат на власт.

Преродба во 100 чекори, „Решенија за Македонија“, „Нова пролет“партиски програми посветена на економија, на внесувањето на Македонија во Европа. Програми на сто и повеќе страници кои ретко стигнуваат до оној за кој се наменети, граѓанинот. Партиите велат дека прават програми со кои ќе им се доближат на граѓаните. Луѓето пак велат дека понекогаш ги читаат програмите, но не им веруваат на политичарите. Експертите велат дека партиите во своите програми се држат до својата идеологија, но друго е кога ќе дојдат на власт.
СДСМ изминатиот викенд ја презентираше програмата, за која велат дека е блиска до народот и блиска до социјалдемократските вредности.

„Понуди конкретни решенија за проблемите со кои се соочуваат граѓаните, поаѓајќи од тоа дека главен проблем во Македонија е катастрофалната економска ситуација, 70% од програмата е насочена кон економските проблеми.“

Вели секретарот на СДСМ Андреј Петров. Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ, програмата на СДСМ ја опишаа како полн со неродечености и која не нуди конкретни решенија.
Едно е програма, за друго е применување на мерки во пракса каде што заради разни причини можат да ги променат своите идеолошки ставови и да применуваат да речеме популистички политики


„Ги видовме нивните идеи и капацитет. Конечно граѓаните имаат што да споредат.“

Вели Илија Димовски од Центарот за комуникаци на ВМРО-ДПМНЕ.
Пред неколку недели Владата се пофали дека реализирале 352 проекти од ветените 751 во изборната програма, а стотина се во тек на реализација. Имаме програма на македонски, на албански и на англиски, со што покажуваме дека сме достапни до нашите гласачи, објаснуваат од Нова Демократија.

„Секојдневно имаме стотици пораки каде што ни укажуваат дека не само што ја водиме политиката според нашата политичка програма, туку и дека тие се поврзани посебно за идеологијата.“

Вели Аријанит Хоџа. Политкологот Жидас Даскаловски вели дека во програмите паритиите најчесто ги застапуваат своите идеолошки определби , но друго прашање е дали ја применуваат програмамта кога ќе дојдат на власт.

„Едно е програма, за друго е применување на мерки во пракса каде што заради разни причини можат да ги променат своите идеолошки ставови и да применуваат да речеме популистички политики.“

Граѓаните велат дека пред избори погледнуваат што пишува во програмите на партиите, но дека одамна ја изгубиле вербата во политичарите. Партиите во Македонија се преставуваат дека се единствен фактор за промени, но веќе тоа не пали кај граѓаните, вели социологот Илија Ацески.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG