Достапни линкови

Обама: најлошото помина, но...


Претседателот Барак Обама ги предупреди американските финансиски институции дека не е можно враќање кон, како што изјави, несовесно однесување и неконтролирано трошење, главните причини за финансиската криза во светот. Тој и со оценка дека економијата покажува знаци на заздравување.

Во говорот во Вол Стрит по повод одбележувањето на првата годишнина од колапсот на "Леман брадерс" банката Обама изјави дека финансиските институции веќе не можат да сметаат на даночните обврзници. Сепак тој оцени дека спроведените промени беа потребни, вклучувајќи ги тука и новите правила за заштита на потрошувачите и за затворање на дупки во законот со цел да се овозможи подобра контрола на финансиската индустрија. По Леман брадерс банката, најголемиот стечај во американската историја, најлошто е зад нас, изјави Обама:

,,Осум месеци подоцна, работа на заздравувањето продолжува. И покрај тоа што јас никогаш нема да бидам задоволен додека луѓето се невработени, а нашиот финансиски систем е ослабен, можеме да бидеме сигурни дека бурите од минатите две години почнуваат да слабеаат.,,

Овие забелешки на претседателот Обама немаа поголемо влијание врз берзите, а резултатите од анкетата на Асошиетед прес покажаа дека 80 проценти од Американците веруваат оти економијата останува во лоша состојба. Покрај тоа некои од водечките економисти предупредуваат дека финансискиот систем денес може да биде во полоша форма отколку што беше пред финансиска криза. Проблемот, велат тие, е тоа што владата не е подготвена или не може да ја ограничи големината на финансиски институции. Сепак, по
Потрошувачите не треба да се грижат за договорите за кредит, дизајнирани да бидат неразбирливи, со скриени трошоци за нивната хипотека и со финансиски казни кои без предупредување се појавуваат на нивните сметки.
неколкумесечното користење на јавните долари за стабилизирање на овие институции, можно е конечно тие пари да им бидат вратени на даночните обврзници. Обама изјави дека некои банки веќе исплатиле повеќе од 70 милијарди долари. Во исто време, како што рече, некои финансиски институции брзо се враќаат на старите начини на работа:

,,Ние нема да се вратиме во деновите на несовесно однесување и на неконтролиран вишок, кои беа во срцето на оваа криза. Оние на Вол Стрит не можат да продолжат со преземање ризици, без да ги имаат предвид последиците.,,

Решен да го спречи повторувањето на минатогодишниот финансиски дефект, Обама рече дека тој презел акции на повеќе фронтови, вклучувајќи ги и новите правила за заштита на потрошувачите од најлошите видови на злоупотреби.

,,Потрошувачите не треба да се грижат за договорите за кредит, дизајнирани да бидат неразбирливи, со скриени трошоци за нивната хипотека и со финансиски казни кои без предупредување се појавуваат на нивните сметки.,,

Обама исто така рече дека американската влада мора да ја затвори регулаторната дупка не само во рамките на земјата, но и меѓу повеќе држави.

,,Суштинско во овие напори е реформирање на она што е скршено во глобалниот финансиски систем. Веќе знаеме дека злоупотребите во финансиските пазари некаде, можат да имаат влијание насекаде и затоа на светот му се потребни посилни капитални стандарди.,,

Изјави Обама, потсетувајќи го Вол Стрит дека многу од финансиските фирми кои си го вратија просперитетот имаат огромен долг кон американските граѓани, кои се уште на својот грб го носат товарот на кризата како: изгубени работни места, изгубени домови и изгубени можности.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG