Достапни линкови

И дијаспората ќе гласа на следните избори


Од Светскиот Македонски Конгрес велат дека дијаспората има право на повеќе од три пратенички мандати, согласно измените на законот кои предвидуваат на наредните избори да гласаат и иселениците. Надлежните предупредуваат и на можноста од злоупотреба на нивните гласови и на можни проблеми со гласањето поради недоволниот број амбасади.

Три пратенички мандати кои ќе го претставуваат гласот на иселениците во Собранието се малку. Дијаспората има право да гласа за повеќе пратеници како и другите македонци, велат од Светскиот Македонски конгрес. Проблем е што по толку години независност Македонија сеуште нема евиденција колку македонски државјани живеат во странство, вели претседателот на конгресот Тодор Петров.

„Бројот на мандатите е премал, дека дијаспората располага со околу милион избирачи и дека заслужуваат најмалку една изборна единица, седма, со 20 мандати како и во сите останати шест во Македонија.“
Бројот на мандатите е премал, дека дијаспората располага со околу милион избирачи и дека заслужуваат најмалку една изборна единица, седма, со 20 мандати како и во сите останати шест во Македонија


Од Матицата на иселениците се благодарни за правото на глас, но предупредуваат на нови проблеми. Нема доволно амбасади и конзулати каде што ќе треба да гласа дијаспората. Ги има во 40-тина земји, а македонската дијаспора е распространета низ целиот свет. Иселениците ќе имаат право на глас само ако имаат државјанство и македонски пасош што ќе наметне уште еден проблем затоа што само 20 проценти од нив имаат потребни документи, вели претседателот на Матица на иселеници, Иван Џо Петрски.

„Ако речам дека нема 20% тоа е 160 илјади, меѓутоа 160 илјади да гласаат, тоа е неверојатно и невозможно.“

Политикологот Осман Кадриу вели дека Уставот предвидува од 120 до 140 пратеници во еден собраниски состав, па барањето за повеќе пратеници од иселениците е релевантно.

„Може да се размислува дали таа бројка од три пратеника е доволна. Мое лично мислење како правник е дека не е соодветна, туку повеќе ако навистина се обезбедува и ако се оствари нивното право на глас.“
Така што ваквата разврска би довела во колку тоа не биде исчистено или искомбинирано на еден транспарентен начин, би довела до продлабочување на недовербата во изборниот процес и до полош квалитет на избори од тие што сме ги имале досега


Експертите сметаат дека постои можност гласовите на иселениците да бидат злоупотребени. Претседателот на невладината организација „Мост“, Дарко Алексов, вели дека треба правилно да се ажурира избирачкиот список.

„Избирачкиот список се состои само од информации за граѓаните кои живеат во Република Македонија, но не и надвор од неа. Така што ваквата разврска би довела во колку тоа не биде исчистено или искомбинирано на еден транспарентен начин, би довела до продлабочување на недовербата во изборниот процес и до полош квалитет на избори од тие што сме ги имале досега.“

Иселениците со право на глас се стекнаа со последните измени на законот кои стапија на сила од 1 септември годинава.

„Според законот ќе можат да гласаат од првите наредни парламентарни и претседателски избори. Редовните парламентарни избори се во 2012 година.“

вели потпаролот на Државната изборна комисија Зоран Таневски. Ако во наредна година се организира референдум или предвремени избори оваа одлука нема да важи и дијаспората нема да се вклучи во решавање на политичките прашања.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG