Достапни линкови

logo-print

Во Норвешка изборна победа на владејачката коалиција


Норвешкиот премиер Јенс Столтенберг соопшти дека неговата левичарска коалиција победила на вчерашните парламентарни избори. Резултатите покажуваат дека Работничката партија која во владата коалицира со две помали партии добила 86 од 169 пратенички места во парламентот. Доколку овие резултати бидат потврдени тоа ќе значи дека за прв пат по 16 години една влада во Норвешка добива втор мандат. Аналитичарите сметаат дека главен фактор за преживувањето на актуелната влада е тоа што Норвешка успеала да ја одбегне глобалната финансиска криза. Стапката на невработеност во Норвешка е 3 проценти.
XS
SM
MD
LG