Достапни линкови

Нов предлог околу изградбата на еврејски населби


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги отфрли американските барања за замрзнување на изградбата на еврејски населби на Западниот Брег и во Источен Ерусалим. Во исто време тој понуди привремено намалување на нивото на градењето. Нетанјаху денеска треба да се сретне со американскиот пратеник за Блискиот Исток Џорџ Мичел кој престојува во регионот на разговори со израеслки и палестински претставници пред заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации.
XS
SM
MD
LG